
Сертификеjшн Интернешнл Македонија
е формирана во 2007 година и делува како корисник на лиценца на правата на Certification International Bulgaria, која е ексклузивен агент за територијата на Република Македонија на CERTIFICATION INTERNATIONAL UK, сопственик на акредитација бр. 063 на United Kingdom Accreditation Service (UKAS) и како таков извршува проверки за констатирање на соодветност на системите за управување на квалитетот спрема стандардите ISO. До моментот има извршено оценување и сертификација на над 20 организации од различни области на општествено-економската активност, вклучувајќи организации во сферата на производство и услуги. Нашите аудитори се високо компетентни да вршат евалуација и сертификација на системите за управување, при што сите тие се утврдени во согласност со стандардот ISO 19011