Za Nas - CI-MK.com

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

За Нас

При работата со нашите клиенти ние ја користиме паролата "специјални услуги, без изненадувања" - од основното барање до успешното спроведување на сертификација. Нашите отворени и јасни пристапи за евалуација и сертификација значат дека нашите клиенти го разбираат процесот и посветеноста што ние ја имаме за да ги подржиме нивните напори. Директниот и личен контакт со сите наши клиенти е од огромно значење - како клиент на Сертификејшн Интернешнл вие ќе бидете подржани од локалниот тим при секоја фаза од процесот на сертификација. Ние ќе работиме со вас за да ги спроведете вашите цели, задачи и предизвици. Со вистинско разбирање на Вашите бизнис цели, ние можеме да обезбедиме специјализирана услуга која одговара на вашите потреби сега и во иднина. Целта ни е да помогнеме и да ги подржиме целите на организациите на нашите клиенти преку обезбедување на оценки кои не се ограничуваат само на стандардот (и). Со идентификација на можности за подобрување на методот на нашиот позитивен приод во ревизиите, нашите оценувачи се стремат да обезбедат вистинска корист надвор од рамките на самиот сертификат. Ние балансираме помеѓу барањата на нашите акредитациони бизнис правила и трговските потреби на секој клиент, со што увериме дека нашите оценки се од вистинска корист за клиентот.