
Сертификеjшн Интернешнл
е со седиште Свиндон, Велика Британија, од каде што управува и го подржува непрекинато развојот на целата светска група.
Секое сертифицирање на Сертификејшн Интернешнл низ светот се води на локално ниво, што гарантира дека нашите клиенти добиваат разбирање и културна свест од страна на локалните специјалисти во рамките на нивниот пазар и истовремено имаат корист од предностите обезбедени од утврдениот меѓународен оператор од светска класа .
Групата вклучува канцеларии во сопственост (или делумна сопственост) на Сертификејшн Интернешнл и агенти, кои се лиценцирани да го претставуваат нејзиното работење на локалните пазари. Истото високо ниво и широк спектар на сертификациони услуги се достапни во сите наши претставништва, управувани и контролирани од централата во Велика Британија.
Работејќи во тесна соработка со UKAS со цел да ја задржиме својата позиција како еден од најпознатите акредитирани даватели на сертификациони услуги, имаме изградено стабилни и доверливи односи со UKAS, кои го подржуваат растот и проширувањето во светски рамки на групата Сертификејшн Интернешнл.