
Сертификеjшн Интернешнл
се гордее дека е семејна компанија. Нашиот основач, Џејмс Пјумер поседувал и водел една од големите независни фирми за консултации - Невил Кларк од 1988 до 1996. Кога г-дин Пјумер ја сфатил потребата за меѓународна компанија за сертификација, со глобално присуство и локална експертиза, тој започнал со Сертификејшн Интернешнел за да ги задоволи барањата пазарот кој се менувал.
Од самиот почеток Сертификејшн Интернешнл се зголемува постојано со високо темпо со проширување како палетата на услуги така и на пазарите на кои работи. Добивме акредитација UKAS во 1996 година и ја проширивме првичната понуда на услуги од покривање на широк спектар на стандарди, за да одговориме на потребите на нашите клиенти.
Ширејќи се, успеавме да изградиме долгорочни работни односи низ целиот свет, со сопствени (или делумно сопствени) канцеларии и со меѓународни претставници кои се лиценцирани за сертифицирање – целосниот список на нашите оперативни канцеларии може да се најде на страницата Worldwide locations. Link?
Денес Џејмс Пјумер е се уште претседател на компанијата. Неговиот син Џон Пјумер е управен директор и продолжува да придонесува за растење на компанијата со истовремено задржување на оригиналната визија на компанијата преку партнерство со нашите клиенти за да обезбеди сертификација од страна на професионалци, контрола и ревизија и обука, кои имаат значително и позитивно влијание врз бизнисот.
Од 1995 година Сертификејшн Интернешнел ги оценува системите за управување и акредитираните сертификациони услуги на организации низ целиот свет. CI се ангажира да им помага на клиентите за да се зголемуваат придобивките од своите системи за управување. Преку континуиран развој и меѓународно проширување CI стана еден од водечките провајдери со повеќе од 5000 клиенти, а во моментов сертифицира во 26 земји во светот.
Од централата во Велика Британија преку мрежата на канцеларии во странство ја подржува меѓународна база на клиенти. Со тимот нудиме сертификација, контрола и ревизија, како и модули за обука, наменети за зголемување на ефикасноста и на крајот на успехот на бизнисот на нашите клиентите. Сертификејшн Интернешнел со 160 вработени со полно работно време во целата група и над 320 ревизори низ целиот свет кои работат со локален бизнис е во состојба да обезбеди на клиентите на СI персонални услуги низ целиот свет.
CI работи со различни компании - од трговци поединци до мултинационални организации со многу објекти. Сите клиенти може да сметаат на беспрекорна подршка неопходна за нивниот раст, диверзификација на нови пазари како и на постојано променливи потреби.
Иако CI работи низ целиот свет, секогаш се стреми да обезбеди услуги во согласност со личните потреби на клиентот.