ISO 22000

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Безбедност на храната
Стандарди за:

ISO 22000:2005

Сертификејшн Интернешнл е еден од првите органи во UK, акредитирани од страна на Канцеларијата за акредитација на Велика Британија (UKAS)кои обезбедуваат сертификат за системи за управување со безбедноста на храната - ISO 22000.

Сертификатот за ISO 22000 демонстрира посветеност со безбедност на храната преку целиот синџир на храна за да се испорачa безбедна храна на крајниот корисник. Стандардот се извршува во рамките на структуриран систем за управување и е вклучен во целокупната активност за управување на организацијата, обезбедувајќи ефикасна интеграција и  компатибилност со системите за управување како ISO 9001.

Признавањето од страна на UKAS да сертифицираме по ISO 22000 ја дополнува постоечката акредитација за оценка на организациите на барањата на ISO 9001:2008 како и за анализа на опасностите и критичните контролни точки (HACCP). Затоа ние сме во состојба да им понудиме на организациите синџир на исхрана на персонален пристап кој одговара најдобро на нивните барања; ISO 9001:2008, ISO 9001:2008 со HACCP или ISO 22000:2005.

Ние работиме со најразлични организации за вршење на оценка во секторите од синџир на храна, вклучувајќи:
 - Oдгледувачи на живина
 - Kапацитети за обработка на храна
 - Производители на храна
 - Кетеринг
 - Ресторани
Контактирајте со нас, за да дознаете како Сертификејшн Интернешнл може да и помогне на вашата организација во однос на ISO 22000 сертификација.